Седумкратниот шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон (40), добил понуда од Ферари да живее во Италија во куќата на славниот Енцо Ферари (1898-1988), поранешен возач и основач на тимот Ферари, чиј член е Британецот од оваа зима.
Италијанците посветија толку многу внимание на секој детаљ што му дозволија на Хамилтон привилегија што ја имаше само Михаел Шумахер, за многумина најголемиот возач во историјата. Германецот со тимот на Ферари дојде до пет од седумте титули, а Италијанците знаеја да го ценат тоа, ставајќи го Шумахер и неговото семејство во домот на Ферари во Фиорано, населба во областа Модена, во регионот Емилија-Ромања. Сега, таа привилегија ја има Луис Хамилтон.
- Од Шумахер, никој ја немал таа привилегија, откри италијанскиот новинар Карло Ванзини.
Ферари му ги понуди на Хамилтон клучевите од куќата која не им беше достапна ниту на Фернандо Алонсо, Себастијан Фетел или талентираниот Шарл Леклер (27), кој ќе вози за Ферари заедно со Хамилтон. Таа куќа не е само дом, туку и зграда во која се носеа одлуки и кои ја обликуваа судбината на Ферари и на мотоспортот како целина, а не само на Формула 1.
Додека Тото Волф, шефот на Мерцедес, испраќаше пораки дека тимот дефинитивно сака да се ослободи од Хамилтон, Ферари направи грандиозен гест да му даде до знаење на Британецот од каде што доаѓа и колку го почитуваат.
Италијанците тврдат дека куќата е зачувана во состојбата во која била кога Енцо Ферари починал во 1988 година и дека неговата канцеларија е во идентична форма, дури и со зачувани деталите што легендата ги оставила зад себе. Внатрешноста е претежно обоена во црвена боја, насекаде има фотографии од поранешниот шеф на Ферари, а интересно е што куќата на три ката се наоѓа на „Плоштадот Михаел Шумахер“, која е официјална адреса.
View this post on Instagram
Луис Хамилтон пристигна со голема надеж во својот трет тим во кариерата, откако возеше за Мекларен од 2007 до 2012 година, потоа за Мерцедес од 2013 до 2024 година. Навивачите го пречекаа со ентузијазам во Фиорентина во февруари, а легендите на Ф1 како што се Берни Еклстон и Еди Џордан се скептични околу овој трансфер, пред сè поради годините на Хамилтон и неговата заситеност.
- Немам жена или деца, мојот живот е само Формула 1, одговори, меѓу другото, Хамилтон во интервјуто кое крена голема прашина.
Хамилтон ќе го започне нападот на осмата титула за две недели, откако испиша историја во Мерцедес и шест пати стана светски шампион.