Седумкратниот шампион на Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, е нов возач на Ферари од 1 јануари и пред неколку дена првпат имаше можност да влезе во неговите гаражи. Тој го најави своето доаѓање во тимот од Маранело како почеток на една нова ера.

  • Постојат некои денови што знаете дека ќе ги паметите засекогаш, а денес, мојот прв како возач на Ферари, е еден од тие денови. Имав доволно среќа да постигнам работи во мојата кариера за кои никогаш не мислев дека се можни, но дел од мене отсекогаш се задржа на тој сон да се натпреварувам во црвено. Не може да бидам посреќен што го остварив тој сон денес. Денес започнуваме нова ера во историјата на овој легендарен тим и едвај чекам да видиме каква приказна ќе напишеме заедно – напиша Хамилтон на „Инстаграм“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lewis Hamilton (@lewishamilton)

Британецот го помина првиот ден во тимот од Маранело запознавајќи ги клучните луѓе, фабриката и тимот, а болидот од 2025 година ќе го тестира на симулатор.

Се очекува 40-годишниот возач да оди на патеката „Фиорано“ на Ферари прв пат оваа недела, но првиот црвен болид што ќе го вози ќе биде машина од 2023 година.

Тоа е последниот модел што му е дозволено на Хамилтон да го вози според ограничувањата за тестирање во Ф1.

Тој очекува нешто сосема ново во кариерата, бидејќи првпат по 18 години во Ф1 ќе вози болид што не е придвижуван од мотор на Мерцедес.

Ферари ќе го претстави болидот на 19 февруари, една недела пред почетокот на официјалното тестирање во Бахреин (26-28 февруари).

Новата сезона во Формула 1 започнува во Австралија, на 16 март.

ИЗДВОЕНИ