EPA-EFE/ALI HAIDER

Жан Алези, поранешен возач на Ферари и една од иконите на Формула 1, тврди дека освојувањето на титулата со Ферари ќе го направи Луис Хамилтон „вечен херој“.

Заминувањето на седумкратниот шампион во најпознатиот тим во историјата на спортот предизвика голема возбуда, а Алези смета дека Ферари е местото кое дополнително може да го зацврсти легендарниот статус на Хамилтон.

  • Нема што да докажува со кој било друг тим. Но, со Ферари, тоа може да му го промени животот, ако веќе не му донесе живот на шампион на шампионите. Освојувањето титулата со Ферари ќе го направи вечен херој, изјави Алеси за „F1Maximaal“.

Сепак, предизвикот пред Хамилтон не е само за тимот, туку и за неговиот нов колега Шарл Леклер. Моначанецот, кој својата кариера ја изгради во Ферари, јасно стави до знаење дека е посветен на освојување на титулата со италијанскиот тим. Неговата посветеност и искуство во тимот го прават силен ривал на патеката.

  • Тешко е да се предвиди, изјави Алеси за можна битка меѓу Хамилтон и Леклер.
  • Можеме да кажеме дека има искуство (Леклер), но не мислам дека тоа е само прашање на искуство. Хамилтон има посебно чувство и е многу силен во однос на темпото на трките, додаде Алези.

Од друга страна, Алези ја истакнува силата на Леклер во квалификациите.

  • Шарл е многу силен во квалификациите, и се разбира, стартната позиција на гридот е секогаш многу важна. Ќе биде многу интересно да се види што ќе се случи меѓу нив двајца, смета Алези.

Преселбата на Хамилтон во Ферари предизвика многу реакции во светот на Формула 1.

Многумина веруваат дека осмата титула би можела да биде круна на неговата кариера, додека други ја нагласуваат важноста на ривалството во тимот. Без разлика на исходот, ни претстои сезона која ветува неизвесност, страст и нова страница во богатата историја на Ферари.

ИЗДВОЕНИ