Хамас нуди ослободување на сите заложници во замена за мир во Газа

18

Делегација на Хамас викендов отпатува во Каиро на разговори со официјални лица од Египет и Катар, кои посредуваат за прекин на огнот во Газа заедно со САД.

-Подготвени сме да ги ослободиме сите Израелци (заложници) како дел од вистински договор за размена на затвореници, во замена за прекин на војната, повлекување на израелските сили од Појасот Газа и влез на хуманитарна помош, изјави за АФП Тахер ал Нуну, еден од водачите на исламистичкото движење.

Тој го обвини Израел дека го попречува напредокот кон прекин на огнот.

-Проблемот не е бројот“ на заложниците што треба да бидат ослободени,туку фактот што (Израел) се откажува од своите обврски, го блокира спроведувањето на договорот за прекин на огнот и ја продолжува војната. Затоа, Хамас инсистира на потребата од гаранции за да го принудат (Израел) да го почитува договорот, додаде тој.

Според израелската информативна веб-страница на Хамас му е врачен нов предлог кој би вклучувал ослободување на десет живи заложници во замена за гаранции од САД дека Израел ќе ги почне преговорите за втората фаза од прекинот на огнот.

 

ИЗДВОЕНИ