Хамас: Нема напредок во преговорите за другата фаза од прекинот на огнот во Газа

74

Палестинската милитантна група Хамас денеска соопшти дека нема напредок во преговорите за втората фаза од прекинот на огнот во Појасот Газа во петокот во Каиро.

Официјалниот претставник на Хамас, Басем Наим потврди за АП дека не е постигнат договор пред вчерашното враќање на израелската делегација во Израел и додаде дека не знае кога би можеле повторно да започнат преговорите.

Хамас не присуствуваше на разговорите, но ставот на групата беше претставен преку египетски и катарски посредници, додека израелски и американски претставници беа исто така присутни во Каиро.

Претходно денеска Хамас објави дека ја отфрлил израелската „формулација“ за продолжување на првата фаза од прекинот на огнот во Појасот Газа, кој истекува денеска.

Два египетски извори во петокот рекоа дека Израел бара продолжување на првата фаза за дополнителни 42 дена.

Двајца израелски владини претставници потврдија за Ројтерс дека Израел сака да ја продолжи почетната фаза, во која Хамас ќе ослободува по тројца заложници секоја недела во замена за Палестинците во израелските затвори.

ИЗДВОЕНИ