Хамас му порача на Трамп: „Јазикот на закани само ја комплицира ситуацијата“

481
EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Високиот функционер на Хамас, Сами Абу Зухри денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп мора да запомни дека единствениот начин да се вратат израелските заложници е да се почитува примирјето меѓу Израел и Хамас.

„Трамп мора да запомни дека постои договор што двете страни мора да го почитуваат, а тоа е единствениот начин да се вратат затворениците. Јазикот на заканите само ја комплицира ситуацијата“, изјави Абу Зухри за Ројтерс.

Трамп ги предупреди Палестинците дека „портите на пеколот ќе се отворат“ доколку израелските заложници не бидат ослободени во сабота како што е договорено како дел од прекинот на огнот.

Хамас го одложи ослободувањето на заложниците, обвинувајќи го Израел за кршење на условите од примирјето. Израел и Хамас постигнаа прекин на огнот во средината на јануари по повеќе од една година конфликт, потсетува Гардијан.

„Ќе се отворат вратите на пеколот ако не ги ослободите сите заложници“- Трамп им се закани на Хамас

ИЗДВОЕНИ