Хамас соопшти дека истражува можна грешка во идентификацијата на посмртните останки кои му се предадени на Израел како дел од примирјето, откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се закани со одмазда за неуспехот да го предаде телото на Шира Бибас.
Членот на политичкото биро на Хамас, Басем Наим, рече дека може да се случат „несреќни грешки“, особено затоа што израелските бомбардирања ги измешаа телата на израелските заложници и Палестинците, од кои илјадници се уште се закопани во урнатините, пренесува Ројтерс.
„Потврдувам дека не е во наши вредности или интерес да задржиме нечии тела или да не ги почитуваме договорите што ги потпишуваме“, се вели во соопштението.
Хамас вчера требаше да ги предаде телата на Шира Бабас и нејзините синови Ариел и Кфир, заедно со останките на четвртиот заложник, во согласност со договорот за прекин на огнот во Појасот Газа.
Предадени се четири тела – две момчиња, Ариел и Кфир и Одед Лифшиќ, кои се потврдени, додека четвртото тело, за кое требаше да биде Шири Бибас, израелските експерти утврдија дека припаѓа на неидентификувана жена.
Нетанјаху го окарактеризира инцидентот како „злонамерен и суров“.