Хамас ги објави имињата на првите три заложници кои ќе бидат ослободени: Официјално почна примирјето во Газа

309

Прекинот на огнот дојде откако Хамас, кој САД и ЕУ го сметаат за терористичка организација, на 19 јануари ги објави имињата на тројцата заложници што планира да ги ослободи во текот на денот.

Почетокот на прекинот на огнот беше одложен за речиси три часа, а Израел претходно соопшти дека воената акција ќе продолжи се додека не се соопштат имињата на заложниците.

Милитантите најавија дека во текот на денот ќе го ослободат Дорон Штајнбречер, 31-годишен ветеринар кој го заробија на 7 октомври 2023 година, во Кибуц Кфар Аза, потоа Емили Дамари, 28-годишна британско-израелска државјанка заробена во истиот кибуц и Роми Гонен, 24-годишната која беше заробена на фестивалот Супернова.

Официјалниот израелски профил на платформата X сподели слика со имињата на првите 33 заложници кои се очекува да бидат ослободени.

Дорон Штајнбрехер, 31 година, ветеринарна сестра, била во својот дом во Кубуцот Кфар Аза кога нападна Хамас. Во 10:30,  на 7 октомври, испратила говорна порака до пријателите: „Дојдоа, ме заробија“.

Емили Дамари, 28 години која има двојно британско-израелско државјанство, е земена како заложник од Кибуцот Кфар Аза. Зборувајќи на комеморацијата во Лондон на 6 октомври 2024 година, нејзината мајка Менди рече дека заложниците ослободени минатиот декември ѝ кажале дека имале контакт со Емили додека биле заедно во заложништво.

Роми Гонен, 24 години, упаднала во заседа додека се обидувала да избега од фестивалот Супернова. Нејзината мајка Мерав Лесхем Гонен се обратила до Советот за човекови права на ОН во јуни, апелирајќи на меѓународната помош за ослободување на заложниците.

Канцеларијата на израелскиот премиер објави дека ослободувањето на трите заложници кои Хамас ги држи во Газа ќе биде спроведено по 15 часот по средно европско време.

ИЗДВОЕНИ