ХАКЕРСКИ НАПАД НА ВЕКОТ: Украдени околу 1,5 милијарди долари од втората по големина берза за криптовалути во светот

381

Хакирана е втората по големина берза за криптовалути во светот, од која се украдени околу 1,5 милијарди долари.

Crypto Exchange Bybit е хакиран како што потврди нејзиниот извршен директор Бен Жу на платформата X.

Како што е соопштено од Coindesk, хакерите успеале да ја извлечат криптовалутата ethereum (ETH), вредна околу 1,5 милијарди долари, од резервите што ги поседува Bybit.

Овој хакерски напад предизвика целосен пресврт на пазарот на криптовалути, па цената на Биткоинот падна на околу 97.000 долари, додека Ethereum падна за речиси 4%, на под 2.700 долари.

Bybit истакнува дека нивната размена на криптовалути е солвентна, па доколку украдените криптовалути не се вратат, средствата на клиентот ќе останат безбедни.

Bybit, која досега беше рангирана како втора по големина крипто берза, претрпе голем удар со овој напад, а самиот хакерски напад претставува потенцијално најголемата кражба на криптовалути во историјата.

ИЗДВОЕНИ