Хакери од Македонија манипулирале со резултатите од претседателските избори во Венецуела

419
EPA-EFE/Henry Chirinos

Сајбер напад извршен од Северна Македонија влијаел врз пренесувањето на резултатите од претседателските избори во Венецуела, тврди Обвинителството во таа земја.

Според главниот обвинител Тарек Вилијам Сааб, бил направен обид за манипулирање на резултатите, но тој не успеал, пренесува Дојче веле.

Зад нападот стојат опозициската лидерка Марија Корина Мачадо и двајца други познати противници на венецуелската влада, тврди Сааб. Резултатите од одделни изборни единици наскоро ќе бидат објавени на интернет страницата на Изборната комисија, се вели од Обвинителството.

На прес-конференција Сааб рече дека неговата канцеларија пронашла прелиминарни докази за наводен обид за саботажа на изборниот систем на ЦНЕ што доаѓа од Македонија, а зад која покрај Мачадо стоеле и „бегалците од правдата“ Лестер Толедо и Леополдо Лопез.

Андоновски за обвинувањето од Венецуела: Авторитарен режим кој лиферува често информации непоткрепени со докази

Ваквиот чин според обвинителот го забавил системот со кој се обработувале податоците при што двата табора објавија различни резултати со огромна разлика на изборите. Како што објавија медиумите победник на вчерашните избори е актуелниот претседател Николас Мадуро кој е на власт веќе 11години, додека кандидатот на опозицијата Едмундо Гонзалез Урутија освоил 44 отсто.

Опозицијата го тврди спротивното, односно дека победил токму нивниот канидат со огромна разлика од 70 проценти од избрачите што излегоа на гласачките места. Поради ваквите спротиставени позиции избија немири во Венецуела.