Хајредини тврди: Бомби на Зоран Заев за ДУИ во сефот на Артан Груби?!

89

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби кој е во бегство поседува „бомби“ за раководството на ДУИ, а тие „бомби“ му се дадени токму од поранешниот премиер Зоран Заев, тврди ексминистерот за финансии Џевдет Хајредини својот Фејсбук профил. Тој вели дека Груби е хорор за поранешните и за актуелните партиски функционери.

„Груби, според внатрешни извори, со поддршка на Али, е хорор за поранешните и за актуелните партиски функционери. Овој разумен страв доаѓа од фактот дека некогаш, во времето на бомбите, сите снимени разговори кои се однесуваа на ДУИ, вклучително и на Али, му беа предадени на Артан од Заев“, тврди Хајредини.

Како што е познато, додава тој, во стотиците пуштени бомби не излегоа бомби за водачите на ДУИ, иако сите тврдат дека има многу, и дека се добро чувани во приватниот сеф на Артан Груби. „Со нив може да уценува и да сее страв“, пишува Хајредини.

Поранешниот вицепремиер Артан Груби е во бегство по истрагата за неговите злоупотреби во Државната Лотарија  и по него е распишана меѓународна потреница.Освен за криминалите со покер апаратите, во ОЈО е отворен предмет за примање мито од екс директорот на УБК Сашо Мијалков за судскиот предмет Таргет-Тврдина, за што Груби се најде на црната листа на САД заедно со судијата Енвер Беџети. Функционерот на ДУИ си поднесе оставака, а неодамна во неговата матична партија најавија ветинг. Вчера од колаицијата Вреди ги повикаа нивните политички опоненти да почнат со прочистување од Блерим Беџети.

„Во скандалот со прислушкуваните разговори, Блерим Беџети беше фатен како договара судски одлуки и влијае врз именувањето на судии и обвинители. Неговото име беше поврзано со договори кои обезбедуваа партиска контрола врз правосудството“, обвинува коалцијата Вреди.

ИЗДВОЕНИ