Гвардиола: Среќен сум, но…

23
epa11861908 Manchester City manager Pep Guardiola stands on the touchline during the UEFA Champions League match between Manchester City and Club Brugge in Manchester, Britain, 29 January 2025. EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола го коментираше пласманот во финалето на ФА Купот.

„Граѓаните“ во полуфиналето го победија Нотингем Форест со 2:0.

– Седум полуфиналиња по ред и три финалиња зборуваат за високото ниво на оваа генерација играчи и на самиот клуб. Многу ни е драго што сме овде. Оваа сезона не беше многу успешна затоа што се одредува според резултатите во Премиер лигата. Ни помогна голот рано на натпреварот и потоа продолживме да играме во исто темпо, но во последната третина од натпреварот не бевме толку добри и пропуштивме три-четири шанси за гол. Свои моменти, секако, имаше и противникот. Нашиот голман бранеше добро, тоа не може да се негира, но во целина одигравме многу добро. Мило ми е што повторно сум во финале, изјави Гвардиола за клупскиот сајт на „Граѓаните“.

Манчестер сити во финалето на ФА Купот ќе игра против Кристал Палас. Средбата ќе се одржи во Лондон на стадионот „Вембли“, а ќе се одржи на 17 мај.

ИЗДВОЕНИ