Во последните пет натпревари за Манчестер сити, Јошко Гвардиол игра како централен дефанзивец, а оваа одлука на тренерот Пеп Гвардиола даде позитивни резултати и ја подобри дефанзивната игра на „граѓаните“.

Гвардиола исто така порача дека сака да го задржи Хрватот на таа позиција и следната сезона.

  • Ми се допаѓа Јошко Гвардиол на централната позиција, особено поради неговата игра со лева нога во нападот, а исто така е многу брз кога станува збор за затворање на просторот зад него. Мислам дека тој и Рубен Диас, и двајцата како поединци, се многу несебични и многу комуницираат. Мислам дека изградија многу, многу добро партнерство, така што тоа е една од опциите за следната сезона, објасни Пеп.

Хрватскиот интернационалец оваа сезона одигра 30 натпревари како лев бек, постигна четири гола и имаше две асистенции. На новата позиција забележа 15 настапи и постигна еден гол.

ИЗДВОЕНИ