Гурмански бомбици од сирење – совршено предјадење за мерак на сите

54

Ова вкусно предјадење ќе им се допадне на сите. Готови се за кратко, а се вистинско уживање.

Потребни состојки:

300 гр сирење
50 гр печен сусам
100 г грисини со кикирики
1 морков
50 гр кисела павлака

Подготовка:

Сирењето исецкајте го и издробете го со раце. Потоа додадете ја павлаката и измешајте. Промешајте ги потпечениот сусам и скршените грисини. Смесата се замесува со рака и се прават топчиња.

Украсете со парченца морков и послужете како предјадење.

ИЗДВОЕНИ