
Актуелниот шампион на Турција, тимот на Галатасарај, со големо внимание ја следи ситуацијата околу германскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, Илкај Гундоган. Раководните лица на „црвено-жолтите“ се сфесни дека искусниот играч нема да биде продаден во јануари, но се убедени дека можат да седнат на преговарачката маса на крајот од актуелната сезона.