„Гугл“ го менува името на Мексиканскиот Залив во Американски

28

„Гугл“ објави дека ќе го промени името на Мексиканскиот Залив во Заливот на Америка на „Гугл мапс“ откако претседателот на САД, Доналд Трамп, минатата недела потпиша прописи што вклучуваат промена на името на официјалните карти и во официјалните комуникации на федерално ниво.

-Добивме неколку прашања за имињата во рамките на „Гугл мапс“. Нашата долгогодишна практика е да ги спроведуваме промените на имињата кога тие се ажурираат во официјални владини извори, се вели во објавата на „Гугл“ на социјалната мрежа „Х“.

Од „Гугл“ додаваат дека името Мексикански Залив ќе остане за корисниците на Мексико, додека корисниците од другите земји ќе ги гледаат двете имиња.

Интересно е тоа што Мексиканскиот Залив го носи тоа име од 16 век, кога шпанските истражувачи почнале да го мапираат регионот. Името Мексикански Залив настанало многу пред формирањето на САД во 1776 година.

ИЗДВОЕНИ