Грузиска новинарка со години ги барала биолошките родители, а потоа татко си го пронашла меѓу пријателите на Фејзбук

160

Неверојатната приказна за посвоена жена се најде во центарот на вниманието на светските медиуми. Тамуна Мусериџе е грузиска новинарка која речиси цела деценија ги барала своите биолошки родители, пред шокантното откритие.

Таа се посомневала дека е посвоена откако починала жената што ја одгледувала, во 2016 година. Средувала низ куќата и го пронашла изводот од матичната книга на родените со своето име, но со друг датум на раѓање.

Основала група на фејсбук „Барам“ и побарала помош во потрагата по родителите. Добивала најразлични информации, а во една пригода ја контактирала непозната личност и открила неверејатен податок, пренесува Телеграф.

Тврдела дека познава жена која ја „прикривала бременоста“ и се породила во септември 1984 година, приближно во време кога е родена и Тамуна.

Меѓутоа, кога ја повикала жената, разговорот не поминал добро, пренесува Дејли мејл.

„Почна да вриска и да урла. Тврдеше дека никогаш не родила дете и дека не сака да има ништо со мене. Бев подготвена на се, но не можев ни да замислам таква реакција“, рече таа.

 

Тамуна била очајна, но една седмица подоцна, се случил пресврт. Добила повик од истата женба, дел од приказната и што е најважно – татко.

Одлучила да го лоцира човекот по име Гурен Корава, но не знаела дека ќе го пронајде меѓу своите пријатели на фејсбук. Тој три години ги следел нејзините обиди да ги пронајде биолошките родители, не знаејќи дека Тамуна му е ќерка.

„Не знаел дека мојата мајка била бремена. Тоа било големо изненадување. Отпатував 420 километри да го запознам. Штом ме погледна, знаев дека е мој татко“, раскажува грузиската новинарка.

Во текот на разговот сфатиле дека споделуваат исти интереси, а набрзо запознала ново семејство, полубраќа, полусестри, тетки и чичковци.

Не поминало многу време, А Тамуна ја запознала и биолошката мајка. Тогаш дознала дека по кратко познаство во Гурен останала бремена. Била обземена од срам и одлучила да ја скрие бременоста. На крајот заминала во Тбилиси, каде што се породила и каде што било договорено посвојувањето на детето.

 

ИЗДВОЕНИ