Репрезентативците на Грузија веќе станаа национални херои, по првиот дел од Европското првенство, кој го минаа и сега ги чека осминафиналето и пресметката со Шпанија. Грузијците веќе заработија речиси 11 милиони евра од УЕФА од пласманот и постигнатите резултати на ЕП, но дополнително ќе бидат наградени и до нивната земја.
Имено, Мамардашвили, Кварацкелија, Микаутадзе и соиграчите ќе го зголемат салдото со приходи од буџетот на фондацијата Карту (сопственост на поранешниот премиер на таа земја, Биџин Иванишвили), која поседува огромно богатство и го насочува кон сите групи и поединци од областа на спортот и науката, кои на најдобар можен начин ја претставуваат Грузија. Тамошните медиуми пишуваат дека оваа Фондација ги наградила грузиските фудбалери со 30 милиони грузиски лари (околу 10 милиони евра).