Кошаркарот на Сан Антонио, Сандро Мамукелашвили, имаше партија за паметење во НБА-лигата. Крилниот центар на Спарс стана првиот играч во историјата на НБА што постигнал 34 поени за помалку од 20 минути.
На Грузиецот, роден пред 25 години, во Њујорк, му беа потребни само 19 минути игра за да го „распарчи“ кошот на Њујорк во победата од 120:105 и делириумот на домашните навивачи.
Имаше само еден промашен шут од поле, погоди 13 од 14 удари и беше непогрешлив за три поени – 7/7. Ноќта на кариерата ја најави во првото полувреме, кога за само осум минути постигна 13 поени, забележа седум скока и асистенции. Во вториот дел, неговиот шут, сепак, функционираше перфектно, продолжи без грешка да го полни кошот на Њујорк и да испишува историја. Натпреварот го заврши во голем стил – со 21 поен во последната четвртина.
Ниту најголемите кошаркарски имиња не беа толку продуктивни, така убиствени за толку кратко време, а потоа се појави еден Грузиец…