Груби тврди дека не побегнал од државава

24

Артан Груби, поранешниот прв вицепремиер на Македонија, преку својот профил на Фејсбук ги демантираше шпекулациите дека избегал од државата.

Тој појасни дека е на приватна посета во Косово, откако низ друштвените мрежи се појави информацијата дека тој избегал од Македонија. Груби побара од јавноста да не се создаваат шпекулации околу неговото патување.

„Денеска патував за приватна посета. Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате. Редовно патував со моите патни исправи и за ова е известено и моето лично полициско обезбедување. Веднаш што ги завршам обврските, ќе се вратам дома при моето семејство“, напиша Груби.

Со оваа изјава, Груби ги отфрли сите наводи кои се појавија во јавноста, повикувајќи на точност и одговорност при пласирањето на информации.