Гробар откопувал коски од починати и ги фрлал на друго место

Ужас во Берово

62

Погребално претпријатие во Берово ископувало стари гробови и ги фрлало остатоците од починатите лица на друга локација. Според информациите од полицијата во Берово, пред неколку дена на местото викано „Црвени брегови“, во атарот на Берово, бил забележан лиценциран извршител за погребални услуги од општината како на градежна депонија фрла и закопува остатоци од починати лица, извадени од Градските гробишта во Берово. Веднаш по добиената пријава, во консултација со јавен обвинител бил повикан управувач на багер од јавното претпријатие за комунални работи и било извршено пребарување на местото и на пошироката околина, но не биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело, туку биле пронајдени само остатоци од градежен шут и остатоци од отпад.

По дополнително преземени мерки и по извршени разговори во ОВР Берово полицијата открила дека лиценцираниот извршител на погребални услуги во повеќе наврати вршел ископување на стари гробови и ги фрлал остатоците од починатите лица на друга локација, соопштија од СВР Штип. Подоцна бил направен увид на посоченото место по овластување на Јавен обвинител кај гробиштата во с.Смојмирово и на удолницата на јужната страна, каде биле пронајдени пет коски кои наликуваат на коски од човек. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ