Грипот тресе, пикот допрва доаѓа

Патологијата на вирозите е изменета, современите се поагресивни вируси со потешки симптоми

1185
Долго трае боледувањето од сезонскиот грип, од седум до десетина дена со силни симптоми проследени со зголемена температура, кашлица, затнат нос, малаксаност, течење на нос, главоболка. Болните на социјалните мрежи пишуваат за неиздржливите симптоми. Во групата на Фејсбук, за совети и искуства од ковид, лекарите кои се активни и споделуваат мислења велат дека има два типа грип, па можна е зараза од грип и по вторпат. Според нив последниве години и патологијата на вирозите е изменета, има сè поагресивни вируси со потешки симптоми. Така, дел од болните граѓани се жалат кај матичните лекари и на дијареја. Лекарите објаснуваат дека грипот може да предизвика воспаление на синусите и инфекции на увото, во потешките случаи може да дојде до пневмонијата како резултат на инфекција со вирусот или во комбинација со бактерии.

 

Долго трае боледувањето од сезонскиот грип, од седум до десетина дена, со силни симптоми проследени со температура, кашлица, затнат нос, малаксаност, течење на нос, главоболка. Амбулантите се полни, а во болницата за белодробни заболувања во Козле дневно се прегледуваат и по повеќе од 200 деца. Поголемиот број од нив се горно респираторни вирусни инфекции, вели за весникот ВЕЧЕР, доктор Олга Спасова. Во болницата се хоспитализирани 70-ина деца, а на кислородна поддршка во моментов се две.

– Апелираме до родителите, поради огромниот број заразни вирусни инфекции прво да се упатат на матичен педијатар, па доколку има потреба, тој ќе ги упати кај нас. Следнава недела ќе се случува пикот на сезонскиот грип и на другите респираторни инфекции кои се манифестираат со покачена температура, кашлица, малаксаност, течење на нос, главоболка, намален апетит. Болните деца веднаш да бидат изолирани од другите, а во периодот на боледување да пијат многу течности, да јадат полесна храна и пробиотици, вели д-р Спасова.

Од Институтот за јавно здравје објавија дека зголемен е бројот на пациенти од сезонски грип, ама и од други вирусни инфекции.

Болните на социјалните мрежи пишуваат за неиздржливите симптоми. Во групата на Фејсбук, за совети и искуства од вирусот Ковид, лекарите кои се активни и споделуваат мислења велат дека има два типа грипа па можна е зараза од грип и по втор пат.

-Грипот или „грипот“ можно е да го фатите и по втор пат. Зошто? Зашто грипот (инфлуенца) оваа сезона на целата северна полутопка на планетата (значи, и кај нас) присутен е со два свои типа – А (H1N1, H3N2) (доминантно присутен) и Б (поретко присутен). Ако сте го прележале сојот А (H1N1), имунитетот кон него ќе ви трае 3-6 месеци, но може да го фатите и A (H3N2) или Б. Можно е да се заразите и со други респираторни вируси, како RSV (респираторен синцицијален вирус) и ковид-19. Последниве два оваа сезона се најретко застапени. Треба да се нагласи дека ковидот е веќе со далеку полесни симптоми од грипот! Постојат и некои други вируси на настинка, редовно присутни… Паметно би било секој што е постар од 65 години или страда од некои хронични болести да избегнува гужви, пишува епидемиологот д-р Драган Даниловски. Тој препорачува болните да пијат многу течности, мажите околу 4, а жените по 3 литри, да се внесуваат пробиотици преку ферментирани млечни производи и пребиотици, односно влакна, од овошје и зеленчук. Не се потребни суплементи на витамини и минерали ако секојдневно можете да внесувате разновидна храна, антибиотик на своја рака не, порачува д-р Даниловски.

Според лекарите последниве години и патологијата на вирозите е изменета, има се поагресивни вируси со потешки симптоми. Така дел од болните граѓани се жалат кај матичните лекари и на дијареја. Лекарите објаснуваат дека грипот може да предизвика воспаление на синусите и инфекции на увото, во потешките случаи може да дојде до пневмонијата како резултат на инфекција со вирусот или во комбинација со бактерии.

Апел за седење дома освен во итни случаи, докторите упатуваат до хронично болните, повозрасните, бремените жени и деца помлади од 5 години, особено бебињата. Од Комисијата за заразни болести засега остануваат на препораките да се носат маски по болниците и амбулантите и вакцинација на граѓаните од ризичната категорија. (П.А)

Во Хрватска 30 луѓе починале од компликации од грип

Бројот на заболени од грип во Хрватска го достигна врвот од 24.498 заболени, додека 30 лица починале од компликации, покажуваат податоците на Хрватскиот институт за јавно здравје.

На отворените одделенија има 30 заболени од грип, изјави Иван Пуљиз, раководител на Клиниката за инфективни болести во Загреб „Д-р Фран Михаљевиќ“.

-Покрај тоа, имаме шест пациенти на Одделот за интензивна нега за возрасни. Станува збор за пациенти со најтешки компликации од грип. Повеќето од нив дојдоа од други клинички центри во Република Хрватска, изјави Пуљиз за хрватскиот јавен сервис.

 

ИЗДВОЕНИ