Домашната телешка чорба со зеленчук лесно се прави и е одлично јадење за постудените денови.
Телешката чорба полна со здрави состојки, е вистински мелем за болести за време на зимата.
Состојки
500 гр телешко месо исечкано на коцки
2 главици кромид, ситно сецкани
2 големи моркови, излупени и исечени на коцки
1 праз исчистен и ситно сецкан
200 мл грчки јогурт
2 лажички суви зачини микс
бибер, по вкус
100 мл масло
2 лажици меко брашно
1 магдонос сечкан
Подготовка:
За да ја направите телешката чорба, загрејте го маслото и пржете го телешкото месо 5 минути на силен оган додека не порумени од сите страни. Додадете моркови, праз и кромид, па пржете околу 10 минути додека зеленчукот не омекне.
Кога месото ќе зарумени, постепено се полева со млака вода за да ги покрие месото и зеленчукот до врвот на тенџерето, додајте мешавина од суви зачини или сол, намалете ја температурата на средно и оставете да се варат нежно околу еден час.
Отстранете ја дополнителната маснотија што се формира околу рабовите на тенџерето.