Мејсон Гринвуд игра фантастично оваа сезона за екипата на Марсеј, а сега се појавија информации дека би можел да направи неочекувано и големо враќање во англиската Премиер лига. Иако е „дете“ на Манчестер Јунајтед, англиските медиуми ја пласираа информацијата дека тој најверојатно ќе се пресели во редовите на Луверпул во текот на летниот трансфер рок.

Во досегашниот дел од сезоната, Гринвуд има постигнато 19 гола и четири асистенции на 32 натпревари. Инаку, крилниот напаѓач во својот договор со Марсеј има откупна клаузула од 80 милиони евра, па останува да видиме дали „црвените“ ќе го одврзат ќесето за повремениот англиски репрезентативец.

ИЗДВОЕНИ