
Џек Грилиш пристигна како најголемо засилување на Манчестер Сити по одличните настапи во дресот на Астон Вила и му беше доделен бројот 10, но не ги исполни очекувањата на клупските челници и сега се зголемуваат шансите да го смени клубот на крајот од сезоната.
Според британските медиуми, Тотенхем е многу заинтересиран за услугите на Грилиш, а Англичаните можниот трансфер го нарекоа „шокантен“.
Главната причина поради која Англичаните се изненадени е што Грилиш има огромна плата во Сити, приближно 17 мил. евра, додека најскапиот играч на Тотенхем заработува „само“ 11,5 мил. евра.
Намерите на лондонскиот клуб се максимално сериозни, а веќе се започнати првите разговори за трансферот. Грилиш се уште е под договор со Сити до 30 јуни 2027 година, но „граѓаните“ нема да има ништо против да го продадат следното лето. Наводно, самиот играч е заинтересиран за трансфер во Тотенхем, кој има атрактивен тим кој би можел да се бори за место кое води во Лигата на шампиони.
Играчот за врска оваа сезона одигра 27 натпревари за Манчестер Сити, а има два гола и пет асистенции.
Иако во 2021 година чинеше над 100 милиони евра, денес неговата пазарна вредност се проценува на 35 мил. евра и се повеќе паѓа.
Грилиш со Сити ја освои Лигата на шампионите и дури три титули во Премиер лигата, а за „граѓаните“ веќе одигра 152 натпревари, додека за Вила одигра најмногу натпревари (213).
Тој е повремен англиски репрезентативец, но во последно време не игра откако ја загуби стартната позиција во Сити, па последните минути во дресот на Англија ги одигра во октомври минатата година.
Гвардиола веќе се откажа од Грилиш, а на прашањето зошто не игра како досега, тој одговори: „Главната причина за тоа е Савињо кој игра феноменално лево и има одлична врска со Ерлинг, но се е отворено до крајот на оваа сезона“.
Според поранешниот играч на Ливерпул, Астон Вила и Нотингем Форест, Стен Колимор, Грилиш ќе шокира со трансфер на крајот од сезоната, а тоа навистина би можел да го направи доколку потпише за тимот од северен Лондон.