Четири од пет партии избрани во парламентот на Гренланд претходно овој месец се согласија да формираат коалиција која ќе има 23 од 31 место во парламентот.
Договорот би требало да биде потпишан во петок, обајви весникот „Сермитсиак“, повикувајќи се на најавата на Јенс-Фредерик Нилсен, лидерот на Демократит, најголемата партија во парламентот.
По ненадејната победа на неговата партија на десниот центар на изборите одржани на 11 март, Нилсен изјави дека сака да ја формира нашироката можна коалиција за да помогне во отпорот на притисокот на Трамп.
Конечниот договор исклучува само една партија, Налерак, која во понеделникот ги напушти преговорите за коалиција.
Договорот доаѓа откако Трамп ги засили напорите да ја преземе контролата врз островот, а американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс треба да пристигне во петок на Гренланд, каде што ќе ја посети американската вселенска база Питуфик, која поддржува ракетен надзор и операции за ракетна одбрана.
„Новиот коалициски договор не можеше да дојде во попогодно време, бидејќи ќе им сигнализира на Венсовите, кои пристигнуваат истиот ден, дека единството е создадено и покрај она што се смета за кампања на непочитување и заплашување“, рече Двејн Рајан Менезес, основач и извршен директор на Иницијативата за поларни истражувања и политики.