Познатиот американски играч на голф, Грејсон Мареј, ненадејно почина во саботата, на 30-годишна возраст, а сега е откриена и причината за смртта. Веста за неговата смрт ја соопшти и здружението за голф ПГА. Мареј беше еден од подобрите играчи, а во петокот ненадејно се повлече од турнирот „Чарлс Шваб челинџ“. Никој немаше поим дека ќе биде пронајден мртов еден ден подоцна. Иако се шпекулираше дека е болен, неговите родители открија дека се работи за самоубиство.
- Животот не беше секогаш лесен за Грејсон и иако си го одзеде животот, знаеме дека сега почива во мир – рекоа неговите родители, Ерик и Тери Мареј, во соопштение.
Мареј важеше за голем талент и освојуваше светски шампионски титули во периодот од 2006 до 2008 година. Меѓутоа, во 2017 година откри дека има проблеми со менталното здравје. Од 2021 година се бореше и со алкохолизмот и со депресијата.
PGA Tour’s Grayson Murray’s parents release statement confirming star took his own life https://t.co/e7wDnlIgDbhttps://t.co/e7wDnlIgDb
— Manchester News MEN (@MENnewsdesk) May 26, 2024