Откако во ноември доживеа благ мозочен удар, Грег Поповиќ, објави дека е подготвен да се врати на работа.
- Ова беа неочекувани шест недели за моето семејство и мене. Работевме заедно на моето закрепнување и би сакал да кажам дека неверојатната поддршка што ја добив беше навистина прекрасна. Иако би сакал да можам да се заблагодарам на секој од вас поединечно, сега за сега само ќе кажам дека моето семејство и јас сме ви вечно благодарни. Ние сме благодарни на оваа прекрасна заедница, на целата организација на Спарс, на нашето семејство и пријателите. Никој не се радува на моето враќање на клупата повеќе од луѓето кои се погрижија за моето закрепнување, тие брзо сфатија дека јас сум сè освен некој што можете да го тренирате, истакна Поповиќ во првото јавно обраќање откако клубот објави дека има благ мозочен удар и дека одреден период нема да може да работи со тимот.