EPA-EFE/CJ GUNTHER

Легендарниот НБА-тренер, Грег Поповиќ (75), нема да го води Сан Антонио во наредниот период. Тој се соочува здравствени проблеми, поради кои ќе биде надвор од тимот на неодредено време.

Ова е негова 29. сезона во тимот на Спарс, со што е апсолутен рекордер, има 1.391 победа во кариерата и е на првото место според оваа статистика. Со него освои пет титули во НБА-лигата и веќе почнаа шпекулациите дека, можеби, ќе поднесе оставка и ќе се повлече од тренерската работа, поради својата здравствена состојба.

Во негово отсуство, асистентот Мич Џонсон ќе го предводи тимот, за кој настапува новата суперѕвезда на најсилната лига во светот, Виктор Вембањама.

ИЗДВОЕНИ