На познатата водителка и новинарка од телевизија „Канал 5“ ѝ се погоди во животот – три години е во среќна љубовна врска – Македонката Јеца го засака Гркот Лукас! Откако сум со Лукас, сè е сменето на добро кај мене. Животот со него сега ми е волшебен – вели веселата Спенџарска. Но, како што бидува тоа кога се случуваат успешни љубовни приказни, има многу што ѝ завидуваат на ТВ-новинарката. Тие би дале сè да можат да се во Солун, покрај море, со некој добар Грк. Ама не можат!
Ова жешко лето ќе бидат три години откако е нашата позната водителка и ТВ-новинарка од телевизија „Канал 5“, згодната Јелена Јеца Спенџарска, во стабилна љубовна врска со атрактивниот Грк Лукас од Солун. Таа не крие дека се остварил нејзиниот сон, се вљуби во човекот што се појави во нејзиниот живот како во некоја бајка, тогаш кога ѝ беше најпотребно, кога, емотивно, ѝ потона и последната надеж. Тој сосема неочекувано “исплива“ од најдлабоките морски длабочини.
– Осми август е посебен ден за мене. Затоа ова лето сакаме да го прославиме денот на посебен начин. Се разбира, романтично, на некоја морска плажа. За овие три години, буквално животот ми е сменет. Откако сум со Лукас, сè е сменето на добро кај мене. Животот со него сега ми е волшебен – искрена е Јеца. Но, како што бидува тоа кога се случуваат успешни љубовни приказни, има многу што ѝ завидуваат на Јеца. Тие би дале сè да можат да се во Солун, покрај море, со некој добар Грк. Ама не можат! Како на кој ќе му се погоди во животот.
На Спенџарска, рака на срце, супер ѝ се погоди. Да си во Солун, во еден од најубавите европски градови, да си покрај море и притоа да си вљубена, што би се рекло, затрескана како тинејџерка, зарем може да му се случи нешто поубаво на некој? Тешко. Сепак, тоа е игра на судбината.
А, судбината сакаше Македонката Јеца да го засака Гркот Лукас, без разлика на сите политички и меѓунационални тензии меѓу двете држави. Љубовта секогаш е таа што победува. Политиката нека им остане на политичарите.
– За волја на вистината, Лукас ме побара да му бидам девојка. Исто како кога маж ќе побара жена да му биде сопруга. Моментално сум дома, во Солун. Веќе така се чувствувам во Солун. Исто толку силно е мој колку и Скопје, каде што живеам и имам убава работа во телевизија „Канал 5“, која вистински си ја сакам. Наутро пијам кафе од мојата омилена чаша на која пишува „Greek lovers “.
Сега, на средината од февруари, е Денот на вљубените, кој таму, во Грција, многу се слави. Кај нас, воедно е и Денот на виното. Феноменален спој! А, јас сум веќе испочитувана од Лукас за Денот на вљубените. Добив голем букет прекрасни црвени рози! Најсреќна сум на свет. Затоа ја споделив мојата среќа со моите вистински пријатели на „Инстаграм“ – раскажува вљубената водителка, очигледно многу вљубена – до уши!!! Д.М. фото:ФБ-архива