Грција во 2025 година воведува значително повисока туристичка такса

1822

Во Грција стапи на сила одлуката за зголемување на туристичката такса, донесена со цел да се генерираат приходи за подобрување на инфраструктурата и промовирање на одржлив туризам по природни катастрофи, а поскапувањата ќе бидат од 50 центи на 5 евра.

Порталот „Шенген њуз“ објави дека во 2025 година туристите во Грција ќе плаќаат дневен данок од 2 евра наместо досегашните 0,5 евра, а за време на ударниот дел од туристичката сезона, од април до октомври, оваа такса ќе изнесува 8 евра.

Според одлуката, во периодот од април до октомври за хотели со една и две ѕвезди и за соби за изнајмување таксата ќе биде 2 евра наспроти 1,5 евро лани.

ИЗДВОЕНИ