Освен туристичките аранжмани кои и оваа година се зголемени за 20 до 30 отсто во Грција годинава се поскапени и таксите. Така македонските граѓани кои ќе летуваат кај нашиот јужен сосед ќе плаќаат повисоки такси за сместување кои се движат и до 15 евра на ден кај хотелите со пет ѕвезди. Од туристичките агенции за весникот ВЕЧЕР велат дека македонските граѓани кога резервираат одмор треба да внимаваат на категоризацијата на вилата, ако вилата им е со 3 ѕвезди ќе плаќаат дневна такса од 8 евра. Од агенциите информираат дека освен сместувањето и таксите ова лето ќе има повисоки цени и на лежалките и на гирото, кое се очекува наместо 4 да се продава по 6 евра

Грција воведе нови, повисоки, туристички такси за претстојната летна сезона. Македонските туристи кои ќе летуваат во Грција ќе плаќаат дневен данок од 2 евра, што претставува значително зголемување во однос на досегашните 0,5 евра. Во периодот од април до октомври, во текот на ударната туристичка сезона, таксата ќе се зголеми на 8 евра. Зголемување на таксите ќе има и за сместувањето. Така, за хотелите со една и две ѕвезди, како и за изнајмување соби, ќе се плаќа 2 евра, наместо досегашните 1,5 евра. Во хотелите со три ѕвезди ќе се плаќаат 2 евра повеќе, додека гостите во хотелите со четири ѕвезди ќе платат 10 евра наместо досегашните 7. Најголемо поскапување има за хотелите со пет ѕвезди и вилите, каде што таксата ќе порасне од 10 на 15 евра.

Од туристичките агенции велат дека поради инфлацијата, аранжманите се поскапени за 20 до 30 отсто во однос на лани. Така во зависност од времето на летување и од оддалеченоста на апартманот од плажа цените за седум дена се движат од 350 евра па нагоре.

– Голем дел од аранжманите за претсезона се распродадени, бидејќи туристите кои се години одат во Грција ги користат попустите за ран букинг и си резервираа одмор по стара цена. Аранжманите за летување во Грција годинава се поскапени за 20 до 30 отсто во однос на лани, но како и секоја година и годинава има голем интерес за летување во Грција, особено за апартманско сместување. Голем дел од граѓаните ги искористија попустите за ран букинг од 30 отсто, кои почнуваат уште во ноември. Како што се доближува сезоната така се намалуваат и попустите. Најголемите попусти се до крајот на февруари, велат од туристичките агенции.

Во хотелите, во претсезона, цените се движат од 150 евра за лице па нагоре. Цените варираат во зависност од тоа дали сакате само ноќевање, дали ноќевање со појадок или ол инклузив. Исто така цените зависат од тоа дали одите во претсезона или во висока сезона, како и од категоризацијата на хотелот.

– Она што годинава ги изненади туристите е зголемувањето на туристичките такси. Таксата за приватното сместување е зголемена од сегашните 1,5 евра на ден на 2 евра. Највисока такса од 15 евра има за хотелите со 5 ѕвезди, за оние со 4 ѕвезди таксата изнесува 10 евра, а за оние со 2 ѕвезди 8 евра на ден. Македонските граѓани кога резервираат одмор да внимаваат на категоризацијата на вилата, ако вилата им е со 3 ѕвезди ќе плаќаат дневна такса од 8 евра, велат за весникот ВЕЧЕР од една туристичка агенција.

Од туристичките агенции информираат дека освен сместувањето и таксите ова лето ќе има повисоки цени и на лежалките и на гирото кое се очекува наместо 4 да се продава по 6 евра.

На почетокот на минатата летна сезона на грчките плажи беа воведени нови мерки кои се однесуваат на лежалките, односно слободен простор на плажите. Според овие правила, најмалку 50 проценти од површината на плажата мораше да остане достапна за јавноста, што значи без лежалки и чадори изнајмени од баровите на плажата и кафулињата.

Како дел од новите такси, посетителите на Санторини и Миконос ќе треба да плаќаат по 20 евра, додека за останатите острови, вклучувајќи ја и Атина, таксата ќе изнесува 5 евра на ден. За споредба, иако Миконос има само 12.000 жители, секој ден го посетуваат до 20.000 туристи, што го прави островот едно од најпопуларните дестинации.

Од зголемувањето на таксите се очекува Грција да собере приход од 600 милиони евра. Овие средства ќе бидат насочени кон фондот за санација на штетите предизвикани од климатските промени.

(А.С.)

 

ИЗДВОЕНИ