Грција побеле на средината на април: Снежна пролет и на Халкидики/ФОТО

1696
Foto facebook Forecast Weather Greece

Студениот бран што синоќа ја зафати Грција доведе до врнежи од снег во неколку северни области. Од утрово врнежи од снег се регистрирани во планинските и полупланинските предели на централна Грција, а врнежите се очекува да се прошират во поголем дел од земјата.

Спорадично невреме се предвидува на североистокот на Грција, додека од попладневните часови во земјата се очекува слабеење на временските непогоди.

Имено, како што пишува Прототема, во Солун утрово е забележано снежно невреме во повеќе делови од градот, а падот на температурата особено ќе биде изразен во централните и северните предели.

Според прогнозите, од вторник, 8 април студено време ќе го зафати остатокот од Грција, додека мразови се очекуваат во повеќе делови од северот на земјата, главно во утринските и вечерните часови, до петок, 11 април.

ИЗДВОЕНИ