Грција ќе отвори пристаниште за евакуација на Санторини: Ситуацијата е критична по 16.000 земјотреси

4480

Грчките власти денеска најавија дека наскоро ќе отворат пристаниште за евакуација на островот Санторини за да се олесни безбедната евакуација во случај посилен земјотрес да ја погоди популарната туристичка дестинација.

Според грчкиот министер за цивилна заштита Василис Кикилијас, Грција ќе изгради привремено пристаниште за безбедно приклучување на патнички бродови и фериботи додека не се воспостави нова пристанишна инфраструктура, пренесува Ројтерс.

„Покрај изградбата на новото пристаниште во Санторини, донесена е одлука да се опреми и пристаниште за бродови кои ќе вршат евакуација во итни случаи“, рече Кикилијас во интервју за грчката телевизија АНТ1.

Се тресе Балканот: Тлото не мирува од Хрватска до Грција

Нов силен земјотрес го погоди Санторини

ИЗДВОЕНИ