Кипарската репрезентативка Елена Куличенко се соочува со контроверзии пред Олимпијадата во Париз. Таа е родена во Русија, избрана е да го носи кипарското знаме на отворањето на Игрите во Париз, но беше откриено дека има сметка на страницата за возрасни „OnlyFans“.

Грчките медиуми објавија дека атрактивната скокачка во височина споделила експлицитна содржина на „OnlyFans3 и дека Олимпискиот комитет на Кипар бил свесен за тоа.

Организацијата бараше спортистот да ја избрише својата сметка, но Куличенко  одби.

Медиумите јавуваат дека адвокатите тврдат дека не е Куличенко на спорното видео, туку дека е производ на вештачка интелигенција.

Елена Куличенко, родена на 28 јули 2002 година во Русија, моментално живее во САД, каде што студира. Таа го држи кипарскиот рекорд во скок во височина со скок од 1,93. Нејзини најголеми достигнувања се златниот медал на Европското првенство до 23 години, во 2023 година, и второто место на Светското универзитетско првенство таа година.

Во 2019 година, таа доби можност да го претставува Кипар благодарение на својот татко Алексеј, кој поседува значителен имот во таа европска островска држава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elena Kulichenko (@kulichenko_elena)