Селекторот македонската сениорска женска ракометна репрезентација Кристијан Грчевски, го објави списокот на ракометарки за претстојната ЕХФ-недела во која ќе одигра две пријателски средби со селекцијата на Србија.
Очекувано, во составот ги нема Елена Ѓорѓиевска и Јована Саздовска, кои веќе објавија дека со настапот на последното ЕП ги завршуваат своите репрезентативни кариери.
Двомечот со Србија е закажан за 7 и за 8 март во Бор, а контролите со силниот ривал дефинитивно ќе му послужат на нашиот стручен штаб во пресрет на баражот за СП 2025 против селекцијата на Полска.