Годишниот раст на вкупните депозити во септември изнесува 8,8 %, што се должи на зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства. Според известувањето од Народната банка, вкупните кредити на годишна основа се зголемени за 7,5 % под влијание на растот на кредитирањето на двата сектора, со малку поизразен придонес на секторот домаќинства.

– Вкупните депозити во септември се намалени за 0,4 % на месечна основа, во целост како резултат на падот на депозитите на корпоративниот сектор, додека депозитите на домаќинствата остварија раст. Годишниот раст на вкупните депозити изнесува 8,8 %, што се должи на зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства. На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 7,5 % под влијание на растот на кредитирањето на двата сектора, со малку поизразен придонес на секторот домаќинства – се вели во соопштението од Народната банка.

Кредитите на корпоративниот сектор на годишно ниво бележат раст од 7,5 %, кој произлегува од зголеменото кредитирање во денари, при пад на кредитите во странска валута. Годишниот раст изнесува 11,2 % и произлегува од зголемувањето на депозитните пари и на долгорочните депозити во денари и во странска валута, при пад на краткорочните депозити.

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во септември, кај најзастапените категории  ̶  потрошувачките и станбените кредити е забележан месечен раст од 0,6 % и 1,0 %, соодветно, при годишно зголемување од 6,7 % и 11,0 %, соодветно. Овој месец, автомобилските кредити се намалени за 0,6 % на месечно ниво, додека на годишно ниво се зголемени за 13,5 %. Кредитите одобрени на кредитни картички, во септември забележаа месечен и годишен пад од 0,8 % и 9,0 %, соодветно.