Во објава на Фејсбук, граѓаните за денеска во 13 часот повикуваат на протестен собир и блокада на булеварот „Партизански одреди“ на местото каде што смртно беше прегазена 22-годишната Фросина Кулакова, како израз на револт кон судската одлука.
„Утре, освен што ќе ги ‘бојкотирате’ маркетите, појдете на ‘Партизанска’, пешачкиот кај Силбо, во 13:00 и заедно да го блокираме булеварот“, стои во повикот.
Фросина беше прегазена на пешачки премин, на 29 јануари, петнаесетина минути пред полноќ. Девојката поминувала кога во неа удрил автомобил со кој управувал 20-годишниот Васил Јованов. Според наводите на Обвинителството, тој возел под дејство на алкохол, немал возачка дозвола и поминал на црвено. За 20-годишникот е побаран притвор.
Фросина означува мир и длабока радост и го должите мирот поради одземената радост