Граѓаните во родниот град ќе се простат од Фросина: Собир на градскиот плоштад во Неготино

36

Во Неготино, родниот град на починатата Фросина Кулакова, денеска во 15 часот на градскиот плоштад ќе се организира собир во нејзина чест. Дваесет и две годишната Фросина беше прегазена на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, од пијан 20-годишник кој без возачка дозвола возел со 130 километри на час и поминал на црвено.

Настанот е организиран на социјални мрежи од граѓани, кои сакаат да ѝ оддадат чест на Фросина, да упатат пораки со поддршка до нејзиното семејство,

Со огромна болка и револт да се собереме на мирен собир во чест на нашата Фросина, која беше свирепо прегазена на улица. Живееме во општество каде што возењето под дејство на алкохол е целосно нормализирано. Време е да кажеме „ДОСТА Е“ – се вели во повикот од граѓаните.

Ппретходно, од Обвинителството соопштија дека 20-годишниот возач В. Ј, кој ја усмрти Фросина возел пијан и без возачка дозвола, со огромна брзина и поминал на црвено светло додека девојката го поминувала булеварот на пешачки премин. На возачот му беше одреден притвор од 30 дена.

ИЗДВОЕНИ