Минатата година, преку системот на „Пакомак“ биле собрани над 23.000 тони различен отпад од пакување, што е над 20 % од сите количини отпад од пакување што се генерира на годишно ниво во земјава.
– Здравата животна средина е неповратен ресурс, а еколошкото однесување е императив за сите. Граѓаните да селектираат, компаниите да плаќаат за отпадот што го создаваат, а екоинспекторите ревносно да реагираат и по потреба, да казнуваат. Со секое неселективно фрлање отпад, влијаеме на загадувањето и придонесуваме отровните води да дојдат во допир со зеленчукот и со овошјето што ги јадеме и со водата што ја пиеме, што претставува причина за многу болести. Депониите се сериозна опасност за заедницата – сметаат од „Пакомак“
Иако сè повеќе граѓани во нашата земја се одлучуваат да го рециклираат отпадот, сепак голем процент од него завршува на дивите депонии. На подигање на свеста за селектирањето и рециклирањето на отпадот со години работи компанијата „Пакомак“, која од неодамна го спроведува проектот „Управување со стаклена амбалажа на Западен Балкан”, заедно со Германското друштво за регионална соработка (ГИЗ) и со Заедницата на единиците за локална самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС).
– Покрај тоа што лично нè радува дека сè повеќе луѓе на нашите простори решаваат да го рециклираат домашниот отпад, мора да заклучиме и дека ова е чекор во вистинска насока кога е подигањето на колективната свест во прашање. Како продолжение на зголемениот интерес, се реализираат и низа активности во рамките на овој проект, меѓу кои поставување соодветна инфраструктура на контејнерите за фрлање стакло во повеќе општини, спроведување кампања за едукација на населението за важноста од селектирањето на стаклото и сето тоа со крајна цел зголемување на собраните количини такло и мотивирање што повеќе луѓе да се приклучат кон овој процес – изјави Александра Караевска-Димовска, претставник од ГИЗ во проектот.
Инаку, минатата година, преку системот на „Пакомак“ биле собрани над 23.000 тони различен отпад од пакување, што е над 20 % од сите количини отпад од пакување што се генерира на годишно ниво во земјава.
Од „Пакомак“ се свесни дека треба да биде континуиран овој процес, никогаш да не престане и масовно да се практикува, односно секое домаќинство да го селектира и селективно да го одложува амбалажниот отпад, секоја компанија што е општествено одговорна, да се приклучи кон одговорниот систем, кој професионално функционира, а државата ревносно да надгледува и да реагира.
– Здравата животна средина е неповратен ресурс, а еколошкото однесување е императив за сите. Граѓаните да селектираат, компаниите да плаќаат за отпадот што го создаваат, а екоинспекторите ревносно да реагираат и по потреба, да казнуваат. Со секое неселективно фрлање отпад, влијаеме на загадувањето и придонесуваме отровните води да дојдат во допир со зеленчукот и со овошјето што ги јадеме и со водата што ја пиеме, што претставува причина за многу болести. Депониите се сериозна опасност за заедницата – сметаат од „Пакомак“.
Прогласени победниците на „Trash for art 2025“
„Пакомак“ ги прогласи победниците на натпреварот „Trash for art 2025“, во рамките на кој учесниците создаваа уметнички дела од амбалажен отпад.
Во категоријата градинки, првото место, за кое наградата изнесува 30.000 денари, го освои уметничкото дело „Папагал Роки Чејс“, на градинката „Младост’“ од Тетово (објект „Спортски“). Второто место, за кое наградата изнесува 20.000 денари, му припадна на уметничкото дело „Модерна принцеза“, на градинката „Сонце“, во рамките на ,,Росица“ од Скопје, а автор е Елена Ончевска-Агер.
Во категоријата основни училишта, добитник на првата награда, која изнесува 30.000 денари, е уметничкото дело „Планета Земја“ на ООУ ,,Љубен Лапе“ од Скопје, втората награда, во износ од 20.000 денари, му припадна на уметничкото дело „Желка“ од ООУ ,,Војдан Чернодрински“ од Скопје, додека третото место, за кое наградата изнесува 15.000 денари, ја освои уметничкото дело „Мече“ од ООУ ,,Јохан Х. Песталоци“ од Скопје.
Во категоријата поединци и институции, првото место, со награда од 30.000 денари, му е доделено на уметничкото дело „Змеј“ од авторот Андреј Бошески, второто на „Ѕвездена ноќ“ – Ван Гог колаж од авторот Лана Ајтарска и третото место им е доделено на уметничките дела лего „Brawl Stars- Polo“ од Димитар Јовановски и лего „Brawl Stars-Griff“ од Јован Дамјановски.
Во специјалната категорија „Нула отпад“, првата награда му припадна на уметничкото дело „Ајфелова кула“, од авторите Миа Андреева, Сара Николова, Матеа Саздова и Теона Манасиева, второто на „Делфини“ од ООУ „Димче А. Габеров“ од Демир Капија, додека третото место го освои уметничкото дело „Кукла од електронски отпад“ од Наташа Илоска.
(А.П.)