Граѓаните да ги споделат своите идеи за подобра општина

154

Општина Гази Баба ја започнува постапката за креирање на буџетот за 2025 година, која ќе се реализира во неколку фази.

Од Општината информираат дека во првата фаза ќе се спроведе сеопфатен граѓански дијалог во кој граѓаните ќе ги кажат своите идеи и проектиза кои сметаат дека треба да бидат дел од буџетот.

-Реализацијата на граѓанскиот дијалог ќе се спроведува преку одржување граѓански форуми на кои ќе може да учествуваат сите граѓани. Дополнително, граѓаните може да ги споделат своите идеи и онлајн, на следниот и-мејл: tvojaideja@gazibaba.gov.mk.

Градоначалникот на Општина Гази баба, Бобан Стефковски, ги повикува граѓаните да го дадат својот придонес во развојот на Општина Гази Баба.