Градските власти да најдат соодветно решение за јавниот градски превоз

23

Министерката за образование и наука,  Весна Јаневска апелира до градските власти под итно да најдат соодветно решение за јавниот градски превоз. Според анализата на Министерството за образование и наука од Е-дневник, како што изјави Јаневска, нема значајна разлика во отсуствата на учениците.

– Претпоставувам дека учениците и родителите се организираат најдобро што можат нивните деца да стигнат во училиште, но и наставниците имаат разбирање за ова што се случува. Состојбата е многу лоша и срамота е во главниот град да им се онезвоможи на учениците да добијат соодветно образование што е загарантирано право со Устав. Се надевам дека ќе се најде решение за оваа ситуација затоа што е недозволиво сите напори што ги правиме, промените што се обидуваме да ги спроведеме за подобрување на квалитетот на образованието, да бидат на некој начин спречувани заради неорганизираност на градските власти. – изјави Јаневска.

Таа им даде поддршка и на студентите кои најавија дека денеска ќе се приклучат на протестот пред Град Скопје доколку не се најде решение со јавниот превоз.

 

 

ИЗДВОЕНИ