Градскиот парк во Нов Дојран ќе добие нов лик. Тој, како што опиша градоначалникот на Општина Дојран, Анго Ангов, со реконструкцијата што е во тек, ќе се трансформира. Ќе бидат поставени нови светла што ќе ги разубават вечерите, нови играчки што ќе ги исполнат децата со радост, како и урбана опрема и хортикултурно уредување во кое ќе уживаат сите.

– Моменталниот зафат е повеќе од реконструкција. Тоа е повторно раѓање на местото што ја претставува душата на Нов Дојран. Токму овој парк е симбол на младоста на многу генерации, во него се создадени безброј спомени, кои со задоволство ги чуваме и прераскажуваме. Затоа е неопходна реконструкцијата, за создавање нови спомени и продолжување на традицијата на собирање на жителите од Нов Дојран токму во срцето на ова населено место, во градскиот парк. Моменталниот зафат е повеќе од реконструкција, тој е повторно раѓање на местото што ја претставува душата на Нов Дојран. Жителите на Нов Дојран заслужуваат место каде што ќе се случуваат прекрасни културни настани, место за дружба, забава и уживање – истакна Ангов.

 

ИЗДВОЕНИ