Градоначалникот Ѓорѓиевски и отец Оливер подготвија оброци за социјално загрозените семејства за Божиќ

16

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со отец Оливер од хуманитарната организација „Свети Спас“, подготвија оброк за социјално загрозените семејства.

– За Божиќ, секое семејство заслужува богата трпеза, секој заслужува, барем за миг и покрај сѐ, да знае дека не е сам и дека има некој што мисли и на оние на кои ретко кој помислува. На тоа нè учи нашата верба во Бога – истакна Ѓорѓиевски.

Според Ѓорѓиевски, како што информираа од локалната самоуправа, со оваа акција голем број семејства ќе го почувствуваат празничниот дух и ќе го прослават Божиќ со насмевка.

– Ние се потрудивме да усреќиме голем број семејства на кои судбината, можеби, не била на нивна страна. И ова е само капка во океанот од нашата мисија: да работиме на тоа да нема повеќе луѓе што ќе имаат потреба од помош, туку да овозможиме нормални услови за живот – нагласи Ѓорѓиевски.

 

ИЗДВОЕНИ