На најголемиот христијански празник Велигден, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со хуманитарната организација „Св. Спас“, предводена од отец Оливер, како и со дел од својот тим, организираше и подели велигденски ручек за сограѓаните од социјален ризик. Во духот на празникот, со благослов, љубов и искрена грижа за секого, се испрати порака за хуманост, солидарност и заедништво.
– Христос Воскресе! Сите на овој свет сме со некоја мисија, а мојата е да има што повеќе среќни луѓе. Впрочем, тоа е големината на нашата вера и тоа е она на што нè учи Христос. Велигден е празник над празниците, на победата на животот над смртта, ден на благослов, благодарност, на подадена рака и најрадосен ден. И бидејќи радоста треба да се сподели со сите, денес поделивме велигденски ручек за нашите сограѓани од социјален ризик, а во соработка со хуманитарната организација „Св. Спас” и нејзиниот предводник – мојот драг пријател отец Оливер, како и дел од мојот тим – истакна Ѓорѓиевски, честитајќи го празникот и посакувајќи им на сите неизмерна љубов во семејството, среќа, мир и бериќет.
-Да правиме што повеќе добрини и да не очекуваме ништо за возврат бидејќи Бог ќе нè награди. Да го славиме животот и да сме благодарни за секој нов ден – потенцираше Ѓорѓиевски.