Градоначалничка на еден мексикански град е под истрага поради плакат на кој му се заблагодарува на дилер на дрога

49
PENTAX Image

Градоначалничката на еден мексикански град е под истрага поради плакат со кој се заблагодарува на еден од најбараните дилери на дрога во светот, објави денеска претседателката на Мексико, Клаудија Шејнбаум.

Шефот на картелот „Халиско Нуева Генерасион“, Немесио Осегуера, познат како „Ел Менчо“, е еден од најбараните нарко босови во САД, кои понудија 15 милиони долари за информации кои ќе доведат до негово апсење.

Но, за локалните власти и жителите на Коалкомон во западно Мексико, „Ел Менчо“ е дарежлив Дедо Мраз, според рачно напишаниот постер што се појави во јавноста.

„Децата на Коалкоман му благодарат на г-дин Немези Осегвера и неговите деца за нивниот благороден гест. Ви благодариме за подароците“, пишува на постерот.

„Во тек е истрага за да се утврди дали градоначалничката има врски со оваа криминална група“, рече претседателот на Мексико на прес-конференција.

Таа додаде дека го осудува тој плакат и додаде дека е против глорификацијата на криминалните групи.

За време на пандемијата на корона вирусот, многу нарко-картели дистрибуираа храна во неколку заедници во Мексико.

„Ел Менчо“ го предводи картелот формиран во 2009 година и стана еден од најнасилните нарко картели во Мексико.

Според некои проценки, тој картел има најголем капацитет за шверц на кокаин, хероин и метамфетамин во Мексико и „во последните години го вклучува и шверцот на фентанил во САД“, се вели во налогот на американските власти.

ИЗДВОЕНИ