Градинката „Верверичка“ во завршна фаза

771

Изградбата на градинката ,,Верверичка” во населбата 11 Октомври – Згради, која е со капацитет за 100 дечиња, е во завршна фаза.

Новата градинка ќе се протега на површина од 525 квадратни метри и во неа ќе има четири занимални и една поголема просторија предвидена за сала за приредби и свечености.

Согласно со предвидената динамика на градба, објектот треба да биде завршен до мај оваа година.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, заедно со заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, вчера изврши увид во градежните активности.

– Кога започнавме со работа, во Кисела Вода имавме листа од над 400 деца што чекаа за упис во градинка. Денес речиси и да нема, благодарение на новите градинки што ги отворивме и на проширувањето на капацитетите на постојните. Во изминатите три години, направивме интервенции во вкупно девет објекти. Со изградбата на „Верверичка“, како и со завршувањето на новата градинка во Расадник и во Потстаница, Општината се движи кон целта да ја елиминира комплетно листата на чекање – нагласи градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, додавајќи дека овие проекти, како и инвестициите во опремувањето на градинките, ќе овозможат услови за креативен и стимулативен развој на најмладите.

 

ИЗДВОЕНИ