Градинката „Срничка“, по 40 години, добива комплетно нова кујна

197

По цели 40 години, Општина Аеродром врши темелна реконструкција на главната кујна во детската градинка „Срничка“, во објектот „Чекорче“.

Деновиве интензивно се работи на промена на плочките, рушење на одредени ѕидови, промена на водоводната мрежа и на целосна замена на електричната инсталација, како и на други градежни активности, кои се финансирани од Општина Аеродром.

– По завршувањето на инфраструктурните работи со средства од Светска банка, кујната ќе биде опремена со целосно нова апаратура и со друга потребна опрема – информираат од локалната самоуправа.

В.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, потенцираа дека станува збор за многу значаен проект, бидејќи во оваа кујна секојдневно се подготвува храна за сите шест клона што ѝ припаѓаат на градинката „Срничка“, каде што се згрижени речиси половина од дечињата во Аеродром.