Во месец март, годинава дечињата од населбите Пролет и Маџир Маало ќе бидат згрижени во новата градинка „Пролет“.
Оваа градинка како што истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски е изгрдена по највисоки светски стандаради.
Новата градинка „Пролет“ е прва во истоимената населба и прва по 50 години во општината. Истата е енергетски ефикасна и модерна и во неа ќе може да бидат згрижени 173 деца, сместени во девет занимални.
-Горд сум што инклузивноста и пристапноста на децата со попреченост е воспоставена во проектот на градба. Градинката располага со лифт и надворешно игралиште до кое можат да пристапат и деца со попречености – потенцира Герасимовски.