Градежно – занаетчиски работи во основните училишта во Гази Баба

536

Летниот период од годината  Општина Гази Баба го користи за реализација на градежно – занаетчиски работи во основните училишта, со цел создавање на подобри и поквалитетни услови за учениците во новата учебна година.

Од Општината информираат дека градежни активности се реализираат во повеќе училишта и тоа: во ООУ „Његош“ се врши комплетно молерисување на училиштето и фискултурната сала, во ООУ „Стив Наумов“ се уредува училишниот двор со павер елементи, во ООУ „Кирил и Методиј“, подрачно училиште Страчинци се врши реконструкција на покривот, во ООУ „Крум Тошев“ се реконструира дел од водоводна и канализациона мрежа, во ООУ „Наум Охридски“, во тек е втората фаза за изградба на спортската сала и во ООУ „Григор Прличев“ се градат челични скали за евакуација.

-Општина Гази Баба подготвено ќе го дочека почетокот на новата учебна година. Дополнително во тек е изработката и на училишните униформи кои општина Гази Баба ги обезбедува бесплатно за секој ученик – соопштија од локалната самоуправа